Македонскиот туристички потенцијал претставен на саем во Келн
Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот информираат дека туристичките агенции и хотелиерите ги промовираат туристичките производи на Македонија, со промотивни материјали и конкурентни туристички понуди за европските и светските тур оператори и потенцијални туристи...

Македонската култура, традиција и туристичките потенцијали за прв пат се презентираат на саемот за туризам, што деновиве се одржува во Келн, Германија.
Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот информираат дека туристичките агенции и хотелиерите ги промовираат туристичките производи на Македонија, со промотивни материјали и конкурентни туристички понуди за европските и светските тур оператори и потенцијални туристи.
Германскиот туристички пазар е се поатрактивен за Македонија поради директните авионски линии со Германија, овозможени од нискобуџетните авиокомпании.
