Грција го усвои вториот пакет на мерки

23.07.2015 11:48

Изненадување беше тоа што позитивно гласаше и екс министерот за финансии Варуфакис, кој се изјасни „против“ претходниот пакет мерки...

По жестока расправа, грчкиот парламент го усвои вториот сет реформи што ги бараат кредиторите. Изненадување беше тоа што позитивно гласаше и екс министерот за финансии Варуфакис, кој се изјасни „против“ претходниот пакет мерки.

„230 пратеници гласаа „да“, 63 гласаа „не“ и петмина се воздржани. Законот е прифатен од мнозинството“, изјави Алексис Митропулос, заменик претседател на Парламентот.

Усвоени беа новите закони за забрзување на долгите судски процеси и примена на европската директива за банките. Новиот министер за финансии Цакалотос вети дека до крајот на годината банките ќе добијат свеж капитал, а премиерот Ципрас вети дека нема да престане да се бори за социјална правда.

За време на седницата, противници и поддржувачи на реформите протестираа пред парламентот.