Валенсија: Правото на попладневна дремка заштитено со закон

23.07.2015 11:51

Градоначалникот им нареди на жителите мир и тишина во периодот од 2 до 5 часот попладне...

Градот Адор во шпанската провинција Валенсија со закон го заштити правото на „сиеста“, односно попладневна дремка. Градоначалникот им нареди на жителите мир и тишина во периодот од 2 до 5 часот попладне.

„Законот треба да ги потсети луѓето дека е лето и од 2 до 5 е многу топло. Мора да им овозможиме да се одморат на тие што станале рано“, изјави Хоан Фаус, градоначалник на Адор.

Традицијата што се практикува особено на лето е длабоко вкоренета во шпанската култура – бизнисите затвораат и работата запира додека луѓето одмараат и се подготвуваат за остатокот од денот.