Исплатени 52,3 милиони денари субвенции за градинарски култури
23.07.2015 12:41
Средствата се префрлени на сметките на 1.550 земјоделци...

Министерството за финансии денеска исплати субвенции за градинарски култури во износ од 52,3 милиони денари. Средствата се префрлени на сметките на 1.550 земјоделци.
Финансиската поддршка за сите градинарски култури изнесува 1,5 денари по продаден килограм на преработувачките капацитети, освен за пиперка и корнишони каде поддршката изнесува 2,5 денари по килограм.
