Неофицијално: Хрватска го загуби граничниот спор со Словенија

23.07.2015 13:08

Се проверува аудио снимката што ја објави „Вечерњи лист“, според која претседателот на судот уште во раната фаза на процесот изјавил дека Словенците го добиле тоа што го сакале, излезот на море...

Неофицијално, Хрватска го загуби граничниот спор со Словенија, а со тоа и најмалку две третини од морето во Пиранскиот залив. Се проверува аудио снимката што ја објави „Вечерњи лист“, според која претседателот на судот уште во раната фаза на процесот изјавил дека Словенците го добиле тоа што го сакале, излезот на море.

Премиерот на Словенија тврди дека не бил информиран за тајното лобирање. Според шпекулациите, арбитражниот суд во Хаг пресудил во корист на Словенија, иако според Бадинтеровата комисија, границите меѓу републиките од поранешна Југославија остануваат авнојски, што значи, по независноста се потврдува републичкиот суверенитет и интегритет.