Наил ќе лобира Австралија да ја признае Македонија под уставно име
„Секаде каде што патувам добивам позитивни одговори и ставови за ова прашање и повеќето се збунети зошто ова прашање не може да биде решено и зошто Македонија не може да се вика со своето име“, изјави Наил...

Потпретседателот на парламентот на Нов Јужен Велс, ќе лобира за признавање на уставното име на нашата држава во Aвстралија. Заменик спикерот Федерик Џон Наил има доверба во институциите на системот, за надминување на политичката криза.
„Секаде каде што патувам добивам позитивни одговори и ставови за ова прашање и повеќето се збунети зошто ова прашање не може да биде решено и зошто Македонија не може да се вика со своето име“, изјави Наил.
Економската и политичката соработка меѓу Австралија и Македонија се во нагорна линија, оцени потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски. Додаде дека од година на година се создава се подобра атмосфера.
Имаме се поголем број поддржувачи во Австралија, лобисти, коишто признавањето на уставното име го гледаат како една кауза, истакна Милошоски.
