Изминатата недела регистрирани 60 пожари

23.07.2015 15:14

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје будно ја следи состојбата на подрачјето на Град Скопје...

Изминатава недела Противпожарната бригада Скопје имаше 74 интервенции, од кои 60 на отворен простор, 3 на објекти, 3 на автомобили, 3 технички интервенции и 5 други интервенции.

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје будно ја следи состојбата на подрачјето на Град Скопје, и ако има потреба ги активира сите неопходни единици за справување со состојбите, а воедно ги повикува граѓаните со своето учество да придонесат за намалување на пожарите, односно да се придржуваат до мерките за превенција.

Доколку забележат  евентуални пожари веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 195.

Штабот располага со 100 возила за справување со пожари.