Со соодветна терапија до помали последици од мозочниот удар
Клучно е навремено пациентот да ги препознае симптомите, искривување на лицето, слабост на екстеремитетите, да се јави на лекар, во првите четири часа да ја добие терапијата...

Со тромболитична терапија до помали последици од мозочен удар. Пациенти кои навреме ја примиле, а имале одземеност на рака нога или говор, за кратко време им се подобрила способноста на движење. Клучно е навремено пациентот да ги препознае симптомите, искривување на лицето, слабост на екстеремитетите, да се јави на лекар, во првите четири часа да ја добие терапијата.
„Според упатствата ова е единствената терапија која што е заснована на медицина базирана на докази. Постојат сериозни и цврсти докази кои што се евидентирани за бенефитот од оваа терапија на пациентите кои што имаат мозочен удар“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.
Дури кај 60 проценти од пациентите кои биле третирани со оваа терапија успеале да се вратат на нормалните активности.
„Во некои случаи може да се постигне спектакуларни резултати. Прво да се спаси животот на пациентот, а потоа да се намали степенот на инвалидитет кој што би останал доколку не се превземе ништо кај пациенти со мозочен удар“, изјави д-р Венко Филипче- неврохирург.
За речиси 20 проеценти е зголемен бројот на мозочни удари во земјава. Во првите шест месеци од годинава евидентирани се над 4 илјади пациенти со мозочни удари. Во светот мозочниот удар се смета за трет причинител за смрттност, ведаш после кардиоваскуларните и малигните заболувања.
Андријана Атанасовска
