Државата нема да толерира нелојална конкуренција во откупот на лебното жито

23.07.2015 16:38

Државните институции остро ќе се спротистават на евентуалните диви откупувачи на пченица и на откупувачите кои вршат неправилна проценка на лебното зрно. Заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски меѓу земјоделците и откупувачите во Пелагонија...

Државните институции остро ќе се спротистават на сите диви откупувачи на пченица кои ќе се обидат да го нарушат системот, а со тоа се нарушува интерсот и на производителите и на откупувачите и преработувачите на лебното зрно, порача од Пелагонија заменик министерот за земјоделие, Ванчо Костадиновски.

„Секој што ќе има вакви сознанија го повикувам да пријави во Државниот инспекторат за земјоделие, а санкциите ќе бидат високи затоа што никој не треба нелојално да си игра со трудот и на земјоделците и на откупувачите“, рече заменик министерот Ванчо Костадиновски.

Годинешниот род е со подобар квалитет, но приносите преполовени како резултат на временските неприлики. На земјоделците им вети дека доколку на крајот се утврди дека просечната откупна цена е пониска од производната, согласно со одребите од соодветниот закон, таа разлика ќе биде дотирана од страна на владата. До откупувачите- апал да го  почитуваат правилникот за проценка.

„Засега строго се придржуваме според параметрите и висината на откупен килограм пченица се движи помеѓу десет и единаесет денари“, вели сопственикот на откупната компанија „Бис промет“, Николче Геровски.

Што се однесува до увозното брашно, заменик министерот Костадиновски вели дека ќе се придржуваме до договорите за слободна трговија, но нема да се има пардон за неквалитетната стока.

„Случаи на неквалитетно брашно нема да толерираме. Во маркетите ке се најде брашно кое барем минимум ги задоволува стандардите“, нагласи Костадиновски.

Дали ова ќе повлече и намалување на цената на лебот, Костадиновски рече дека тоа се индивидуални одлуки на пекарските компании и се зависи од нивната продуктивност.

 

Стевче Митревски