Иселеничка културна средба: Промовирани делата на македонските иселеници
Далеку од родниот крај, некои и со децении, а активни во сочувувањето на јазикот и културата. Иселениците го најдоа рецептот со тоа што го промовираат фолклорот, културата, традицијата. На средбите на нашинците од дијаспората годинава промовирани нивните дела. Признаваат дека главен предизвик им е тоа што го носат со себе да го пренесат на идните генерации...

Иако се далеку од родниот крај, Македонија ја носат во срцето. Преку книги и поезија насекаде низ светот го промовираат фолклорот, културата, традиција. На културните иселенички средби беа промовирани делата на македонските иселеници. Разговараа како да го заштитат и зачуваат македонскиот јазик онаму каде што живеат и работат, но и да го пренесат на идните генерации.
Васко Србиновски на 11 години заминал во Австралија, со своето семејство веќе 40 години живее далеку од родната земја. Вели дека секоја година се враќа во земјава за да ги презентира своите дела на македонски јазик.
На културни средби беа промовирани голем број на книги од македонските иселеници. Средбата е организирана од Агенцијата за иселеништво. Целта е да се промовираат активностите за зачувување и промоција на македонскиот јазк и култура низ светот.
Викторија Милевска
