На дебито против Литванија
23.07.2015 19:44
Утре противнички ќе им бидат Германките, а в недела Русинките...

На континентален шампионат се и нашите ракометарки до 19 години. Во првото коло од групата „Бе“ на турнирот во Валенсија тие денеска ќе играат со Литванија. Утре противнички ќе им бидат Германките, а в недела Русинките.
Македонскиот нациоанлен состав предводен од селекторот Симе Симевски ги мина квалификациите во Скопје и обезбеди дебитантско учество на Европско првенство во оваа возрасна категорија.
Русинките се двократни првенки, а Литванија и Германија немаат позабележителни резултати. Литванките беа 14-ти на единствениот собир на којшто настапија досега – во 2007-ма.
