Вардар против Шкупи на стартот на новото првенство

23.07.2015 19:45

Шкендија важи за еден од претендентите за тронот, а на отворањето на 23-тото првенство ќе се сретне со дебитантот во најсилната конкуренција - Младост Царев Двор од Ресен...

23-от фудбалски шампионат на Македонија. Во првото коло на деветти август актуелниот првак Вардар ќе игра со Шкупи, значи седумкратниот првак против некогашната Слога Југомагнат којашто од 99-та до 2001-ва освои три првенствени пехари.

Шкендија важи за еден од претендентите за тронот, а на отворањето на 23-тото првенство ќе се сретне со дебитантот во најсилната конкуренција - Младост Царев Двор од Ресен. Во пресметките на старите прволигаши, Работнички ќе и гостува на Брегалница, Металург ќе го пречека Силекс, а Турново ќе се надмудрува со Ренова.