Двајца загинати и двајца повредени во сообраќајка кај тетовско Палчиште
Според првичните информации од тетовската полиција, автомобил „БМВ“ со тетовски регистарски таблици загубил контрола и се превртел, при што две лица починале на место на несреќата, а другите две се здобиле со тешки телесни повреди...

Две лица се загинати, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово околу 04 часот кај тетовското село Палчиште.
Според првичните информации од тетовската полиција, автомобил „БМВ“ со тетовски регистарски таблици загубил контрола и се превртел, при што две лица починале на место на несреќата, а другите две се здобиле со тешки телесни повреди.
Во тек е увидот од страна на полицијата и Јавен обвинител.
Еден од загинатите е 20 годишен жител од село Палчиште, додека за другиот загинат се утврдува идентитетот. Повредените се на 20 и 22 годишна возраст од Голема Речица.
