Научна конференција на МАНУ и БАН во Битола

24.07.2015 10:02

Македонските и бугарските историчари ќе презентираат научни трудови за Македонската револуционерна борба во Пиринска, Егејска и Вардарска Македонија...

Ослободителните борби на Македонија од источната криза до Балканските војни е темата на дводневната научна конференција во организација на Македонската и на Бугарската академија за науки и уметности што денеска се одржува во Битола.

На конференцијата ќе биде опфатен периодот од 1870-тата до почетокот на Балканските војни во 1912-та. Македонските и бугарските историчари ќе презентираат научни трудови за Македонската револуционерна борба во Пиринска, Егејска и Вардарска Македонија.

Воведни обраќања на конференцијата ќе имаат претседателите на МАНУ и БАН, академиците Владо Камбовски и Стефан Воденичарев.