Седници на три собраниски комисии

24.07.2015 10:16

Комисијата за финансирање и буџет ќе ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2015...

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за економски прашања и Законодавно-правната комисија.
 
Комисијата за финансирање и буџет ќе ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2015.
 
На дневен ред на Комисијата за економски прашања и на Законодавно-правната комисија е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, по скратена постапка, во второ читање.