Вооружен напад во кино во Луизијана, најмалку три жртви
24.07.2015 10:58
Полицијата соопшти дека напаѓачот бил 58-годишен маж, кој нападот го извршил дваесетина минути откако почнал филмот, а потоа сам си го одземал животот...

Најмлаку три лица починаа, седуммина се повредени, откако маж отворил оган во кино во американската сојузна држава Луизијана.
Полицијата соопшти дека напаѓачот бил 58-годишен маж, кој нападот го извршил дваесетина минути откако почнал филмот, а потоа сам си го одземал животот.
Се уште се истражуваат причините за инцидентот, во моментот на нападот во салата имало повеќе од 100 луѓе.
