Приведени две лица за инцидентот во Куманово

24.07.2015 11:17

Во соопштението се појаснува дека вчера во 15.30 во кафе барот „Шпија Јон“ вербалната расправија помеѓу две групи прераснала во физичка пресметка во која во еден момент е дејствувано со огнено оружје...

Во СВР Куманово приведени се две лица, повеќе лица се повикани на информативен разговор, заради целосно расчистување и документирање на вчерашниот случај во кој едно лице го загуби животот, а две се повредени во кафе бар лоциран на улицата „11 Ноември“, соопшти денеска кумановската полиција и најави дека ќе следи соодветна кривична пријава.

Во соопштението се појаснува дека вчера во 15.30 во кафе барот „Шпија Јон“ вербалната расправија помеѓу две групи прераснала во физичка пресметка во која во еден момент е дејствувано со огнено оружје, по што 45 годишниот Џ.Р. го загубил животот. Две лица, 38 годишните, Ш.Р и Г.Д  се повредени и поради карактерот на повредите, пренесени се во Ургентен Центар во Скопје.

Во денешното соопштение на СВР, не се посочени мотивите и причината за овој настан кој се случи во кумановската населба Бедиње.