Ватикан на распит пред ООН за злоупотреба на деца

16.01.2014 15:09

Морничави приказни од црковната исповедалница... Теодоро Пулвиренти е една од многуте познати и непознати жртви на педофилијата во редовите на католичката црква. Чудовиштето од неговото детство е италијанскиот свештеник Дон Карло Кјаренца.

„Очајно ми требаше разговор. Бев тинејџер во криза – тепачки со брат ми и со други деца... Отидов во неговата канцеларија и додека разговаравме, нешто се смени. Почна да ме допира под маичката и така почна злоупотребата“, вели Теодоро.

Се скрши молкот за злоделата што долго ги криеше Светата столица. Проблемот беше толку глобален, што Ватикан не знаеше како да се справи со него. Случајот конечно добива завршница пред Обединетите нации и УНХЦР. Делегација на Ватикан одговара по обвиненијата дека црквата овозможила злоупотребување над илјадници деца штитејќи ги педофилите меѓу свештениците на штета на жртвите.

„Црквата повеќе внимава на својата репутација отколку на жртвите, а знаете колкава тежина носиме од злоупотребата“, објаснува Теодоро.

Отворени се сите досиеја по 1995 година – треба да одговорат дали им било дозволено на свештениците виновни за сексуални злосторства да останат во контакт со децата, што било преземено против нив и дали биле замолчувани  оние што поднеле тужби. „Нема оправдание за малтретирањето или експлоатацијата на деца. Тоа не може да се оправда, било да се случило дома, во училиштата или во црковните организации, изјави пред комисијата постојаниот амбасадор на Светата столица во ОН, архиепископот Силвано Томаси.

Папата Францис најави формирање на Комитет за борба против злоупотребувањето на децата и им понуди помош на жртвите. Исто така, ги заостри ватиканските закони и ја прошири дефиницијата на злосторство врз малолетници. Католичката црква е потписник на Конвенцијата за правата на децата и има должност да ги штити.

Ивана Салтировска