Повластената стапка на ДДВ дополнително ќе го поттикне градежништвото

24.07.2015 13:08

Според Роберт Хот, претседател на Градежната комора при ССК, градежните компании сметаат дека владината мерка ќе придонесе за стабилен раст и продолжување на нивната работа...

Во наредните три години останува Данокот на додадената вредност од пет насто при продажба на станови. Градежништвото и натаму е еден од водечките столбови на економијата.

Според Роберт Хот, претседател на Градежната комора при ССК, градежните компании сметаат дека владината мерка ќе придонесе за стабилен раст и продолжување на нивната работа. Тоа, нагласи, е значајно за уште 26 други гранки коишто растат заедно со  градежните компании.

Покрај вискоградбата, оцени Хот, стабилната политика во однос на капиталните инвестиции придонесува во наредните три-четири години да продолжи стабилниот раст на градежниот сектор во нискоградбата со изградба на автопатишта, регионални и брзи патишта.