Историја без идеолошки и политички предрасуди

24.07.2015 13:29

Научна конференција на академици од Македонија и Бугарија. На темата-„Ослободителните борби на Македонија од источната криза до Балканските војни“ дебатираа историографи од двете земји. Основен заклучок е дека треба да се дискутира врз научна основа, ослободени од идеолошките и политичките предрасуди...

Никој не создал, ниту ќе создаде иднина со освојувањето на некави моменти од историското минато. Само со нов пристап кон читањето на историјата, отворени и заеднички научни дискусии помеѓу водечките историографи на двете земји е можен научен дијалог за разбивање на одредени научни предрасуди и пристап на   објаснување на настаните од денешна гледна точка. Осврнувајќи се врз минатото ние морме да ги пронајдеме точките што не зближуват, а не само оние што не спротиставувале, порачаа првите луѓе на академиите на науките и уметностите на Македонија и Бугарија. 

„Дојде време кога историјата траба да се ослободи од идеолошките и политичките предрасуди и да се расправа за било кое прашање без тоа да значи дека и ќе дојде до единствено гледиште. Науката како една важна опшествена дејност се потпира врз различни научни ставови теории учења“ вели првиот човек на МАНУ, академик Владо Камбовски.

Бугарското опшество е дел од ЕУ, а македонското се приближува до влезот, па затоа што поскоро трба да се премавнат сите остатоци од минатото, вклучувајќи ги физичките граници што постоеле помеѓу народите, па се до културните и останатите негативни влијанија.

„Сакаме час поскоро Македонија да стане дел од Европската унија, границите да се тргнат и да можат луѓето и компаниите, сите меѓусебно отворено да соработуваат. Денеска сакам да одадам почит кон сите оние што пред 112 години ги дадоа своите животи во борбата против тиранијата“, рече првиот човек на БАН, академик Стефан Воденичаров.

На научната конференција, академците од двете земји на оваа тема се претставија по шест трудови. Нивната интензивна соработка, велат продолжува. Од прд две години е издигната на повисоко ниво што резултира со 33 заеднички научно истражувачки проекти.

 

Стевче Митревски