Објавен оглас за побарувани занимања на пазарот на трудот
Денеска е објавен оглас за обука на невработени лица во дефицитарните занимања...

Денеска излегува нов оглас за обука за побарувани занимања на пазарот на труд за 220 невработени лица, кој Министерството за труд и социјална политика го објавува во соработка со Агенцијата за вработување, соопшти денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Би сакал да ги повикам сите невработени лица кои сакаат да стекнат работно искуство во реални работни услови во самите компании да се обучат на механизацијата и на машините кои функционираат во приватните компании за занимања и вештини, кои се побарувани на пазарот на труд. Со тоа да се зголемат нивните способности и вештините кои ги поседуваат, а со тоа да се зголеми нивната вработливост и можностите побрзо да стигнат до работно место. За реализација на оваа мерка обезбедивме вкупен финансиски износ од 12.000.000 денари, изјави Спасов.
Тој денеска, заедно со директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, имаше работен состанок со раководството на компанијата „Бато и Дивајн“ која е една од дваесетте кои се вклучија во новата програма за обука за побарувани занимања на пазарот на труд.
