Признание за 70 години хуманост на Црвениот крст
Претседателот Иванов, од името на сите македонски граѓани, со оваа „Повелба на Република Македонија“ му се заблагодари на Црвениот крст на Македонија затоа што, како што кажа, со тоа што го прави, ја враќа надежта во човечноста...

Подадената рака и несебичната помош секогаш допираат до човековото срце, изјави шефот на државата Ѓорге Иванов при доделувањето на „Повелбата на Република Македонија“ на Црвениот крст по повод 70 годишнината од неговото формирање. Во време на галопирачка бегалска криза особено од Сирија помошта е секогаш добредојдена за оние кои што привремено ја губат татковината, оцени претседателот.
Претседателот Иванов, од името на сите македонски граѓани, со оваа „Повелба на Република Македонија“ му се заблагодари на Црвениот крст на Македонија затоа што, како што кажа, со тоа што го прави, ја враќа надежта во човечноста.
Претседателот на Црвениот крст Милчо Трајков заблагодарувајќи се за Повелбата, истакна дека организацијата оваа година одбележува два јубилеја 70 години од основањето и 20 години од полноправното членство во Меѓунардоната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Во изминатите 70 години илјадници луѓе беа дел од хуманитерните активности на Црвениот крст.
