Охридско лето: Шекспировата „Антоние и Клеопатра“ на сцената „Долни Сарај“
Сцената „Долни Сарај“ во Охрид вечерва ќе биде исполнета со љубителите на репликите на моќниот Шекспир. А „Антоние и Клеопатра“, како инспирација за многу актерски ансамбли, овојпат во изведба на Битолскиот народен театар. Охридско лето ги исполнува очекувањата и во музичкиот и во драмскиот дел...

По премиерното изведување на „Битола Шекспир фестивалот“, вечерва претставата „Антоние и Клеопатра“ ќе ја има првта премиера на отворено, на сцената Долни Сарај во Охрид. Режисер на оваа Шекспирова трагедија напишана во 1606-та година, која е последна од восхитувачкиот квартет од трагедии по „Отело“, „Магбет“ и „Кралот Лир“ е британецот Џон Блондел.
„Претставата ја прават добра две работи: самото дело што се изведува и актерската екипа. Овде се исполнети и двата предуслови за добра продукција. Тука ги имаме како звезди возвишеното уметничко достигнување на Шекспир и неспорните квалитети на актерите од Биролскиот театар“, изјави режисерот Џон Блондел.
Најкоплексната драма за изведување на Шекспир е посебен предизвик за актерите.
Оваа драма на Вилијам Шекспир за прв пат се изведува на македонски јазик, а за високиот квалитет се погрижи преведувачот Драги Михајловски.
Сашо Нелоски
