Живот во инвалидска количка: Голготата на Ана- Марија трае девет години
Живот врзан за инвалидска количка. Девет години трае голготата на Ана- Марија, девојче кои секојдневно се бори со дневните предизвици, а за чија болест се уште не може да се утврди дијагнозата. Нејзината мајка вели дека ова е клучно, за Ана- Марија да замине на операција...

Екстремитетите и функционираат половично, може да јаде само пасирана храна. И по девет години, лекарите се уште не можат да ја откријат причината за инвалидитетот на Ана- Марија. Омилена е во училиштето.
„Кога не можам да ги завршам сите обрски на училиште, кога ќе дојдам дома, од сестра ми ги препишувам работите што не ги допишувам на училиште. Пишувам бавно и не можам да постигнам“, вели Ана- Марија Мутиќ.
И покрај сѐ, второто одделение го завршила со најдобри оценки. Пасија и е цртањето.
Никогаш не успеа да го направи првиот чекор, што и е најголема желба- девет години е врзана за инвалидска количка. Мајка и вели - тешко било породувањето. Се сомнева на повреден нерв што дополнително ја искомплицирал здравствената состојба. Моли за помош.
„По породувањето веднаш бевме префрлени на неонатологија, на нефрологија. На сите одделенија бевме, но никој ништо не ни кажа што и е, ни дадоа различни дијагнози, на крај не пуштија за иследување, детето нема дијагноза. Ние бараме да се утврди нејзината дијагноза за да можеме да ја носиме на операција“, вели Кристина Мутиќ.
И во ваква ситуација, нема дилеми, Ана- Марија има голема желба да успее, што се гледа од нејзините цртежи- да шета сама во природа.
Андријана Атанасовска
