Ќе се обновуваат покривите на колективните згради во Карпош

24.07.2015 16:11

Станарите од Kарпош и локалната самоуправа во заедничка акција за обновување на покривите на колективните станбени згради. Општината помага со материјал, а заедниците на станарите треба да достават проекти до локалните власти...

Oпштината Карпош и заедницата на станари во заедничка акција за реконструкција на покривите на колективните станбени згради. Првиот објект што ќе добие нов изглед се наоѓа на улицата „Никола Тесла“. Жителите собрале околу 20 илјади евра, преостанатите пари потребни за проектот ќе стигнат од општината.

„Ова е еден позитивен пример на соработка меѓу заедницата на станари и локалната самоуправа“, рече градоначалникот Стевчо Јакимовски.

Јакимовски вели дека изборот на објектите и приоритетите врз основа на кои ќе се доделува помошта од локалната власт ќе бидат со јасно дефинирани критериуми - според бројот на станарите, годината на изградба и степенот на оштетеност на станбените објекти.

 

Александра Перевска