Дефицитарни кадри: Со обука до вработување
Објавен е новиот оглас за побаруваните занимања на пазарот на трудот. Преку него, невработените кои ќе добиваат и соодветен паричен надомест, можат да се стекнат со соодветни вештини и знаења, да стекнат реално работно искуство, со цел полесно да дојдат до враборување. Проектот се реализира со 12 милиони денари...

Васил Агапиев е меѓу илјадиницитете невработени кои добија можност да го решат егзистенцијалното прашање. Со владиниот проект за обука на дефицитарните занимања добиваат месечен надоместок од 6.200 денари, за период од 4 месеци, а на фирмите државата им исплаќа најмногу до 30.000 денари за секое обучено лице. Оние што го искористија првиот повик, како Васил, се задоволни што добиваат можност за трајно вработување.
Од денеска почнува новиот оглас за обука. Заварувачи, молери, мехатроничари, негуватели за помош на стари лица, електричари, сметководители, графичари, ракувачи на машини за обработка на дрво и метал се само дел од професиите кои се многу барани на пазарот, а за кои нема доволно обучени лица за да се вработат во приватните компании.
Од ресорното министерство се задоволни што проектот предизвикува интерес на сѐ поголем број компании.
Инаку, досега на двата огласи се пријавиле 970 лица за обука, од нив се вработиле 436 лица, што е околу 45 насто. За третиот оглас е планирано да се обучат 220 лица, во дваесетина компании, за што од буџетот ќе бидат обезбедени 12 милиони денари.
Игор Панов
