Куќен притвор за Соња Верушевска

24.07.2015 16:58

Кривичниот суд по препорака на Aпелацискиот суд донесе решение затворскиот да го замени со куќен притвор во траење од 30 дена...

Соња Верушевска, сопруга на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски излегува од затворски притвор. Кривичниот суд по препорака на Aпелацискиот суд донесе решение затворскиот да го замени со куќен притвор во траење од 30 дена.

Во овој период Верушевска не смее да го напушта домот во скопски Аеродром и ќе биде под надзор на полицијата.

Верушевска е обвинета во случајот „Пуч“, а се товари за шпионажа.