Исплатени 33 милиони денари субвенции на 1.059 овоштари

25.07.2015 14:11

Целта на финансиска поддршка на овоштарството е поттикнување на одрзување на постоечките и зголемување на бројот на нови овошни насади...

Министерството за финансии исплати 33,1 милиони денари субвенции за поддршка на овоштарството. Средствата се исплатени на 1.059 земјоделци.

Целта на финансиска поддршка на овоштарството е поттикнување на одрзување на постоечките и зголемување на бројот на нови овошни насади, што ќе придонесе за зголемување на производството на овошни култури.