Седници на четири собраниски комисии

27.07.2015 08:29

Денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за труд и социјална политика, за одбрана и безбедност и за финансирање и буџет...

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за труд и социјална политика, за одбрана и безбедност и за финансирање и буџет.

Членовите на Комисијата за надворешна политика треба да ја констатира потребата за носење на неколку предлог-ратификации.

Комисијата за труд и социјална политика треба да се изјасни за дополнувањето на Законот за вработување на инвалидни лица, по скратена постапка и за Предлог - закон за национална база на податоци за лица со инвалидност, во второ читање.

Измените на Законот за заштита и спасување, по скратена постапка се на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност.

Комисијата за финансирање и буџет денеска ќе го одржи третото продолжение на амандманската расправа за ребалансот на Буџетот.