Илинденски коњанички марш за прв пат и од Црешево
Годинава за првпат и од село Црешево- скопско, почнува Илинденски коњанички марш. Организаторите, здружението „Црешева чета“, и Националното движење за Македонија се надеваат дека ќе прерасне во традиција за да се одржи жив споменот на славните Илинденци и нивната борба за слободна и независна Македонија...
Во дворот на селската црква се е подготвено за тргнување. Илинденскиот коњички марш одовде почнува првпат. Завршени се и подготовките за добра кондиција и среќен пат, според обичаите. Ќе одјаваат во носијата и со оружје ,токму какво што носеле комитите.
На маршот кој треба да го оживеа споменот на славните Илинденци и да потсети на нивната борба за слобода и независност , освен жителите од ова село, дојдени и се многу гости.
Организаторите се надеваат дека манифестацијата в година ќе се омасови.
Потсетија дека Црешевата чета има за цел да се придружи на сите други и изразија надеж дека секоја година се повеќе чети од различни места ќе се приклучуваат со илинденски коњанички марш.
Фиљана Кока