„Ало докторе“: Граѓаните најмногу бараат совети поврзани со топлото време

27.07.2015 11:27

Во изминатава седмица се регистрирани 1.125 повици од вкупно 45-те илјади досега од септември 2014-тата...

Горештините предизвикувааат главоболки, стомачни вируси како и  покачен крвен притисок, информираат лекарите кои работат на приемот на телефонските повици за медицински совет на „Ало докторе“.

Најмногу се јавуваат граѓани за совети и препораки поврзани со топлото време, заштитата од сонце и совети околу терапијата за хроничните болни. Во изминатава седмица се регистрирани 1.125 повици од вкупно 45-те илјади досега од септември 2014-тата.

Исклучително високиот ултравиолетов индекс и натаму е опасен по здравјето, ќе достигне девет мерни единици. Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала облачност и слаб ветер.