Почнуваат преговорите за третиот пакет помош на Грција
27.07.2015 12:19
Извори од грчкото министерство за финансии соопштија дека берзата и денеска ќе биде затворена...

Претставници на Европската комисија денеска ќе ги почнат преговорите за третиот пакет финансиска помош со претставници на грчката влада. Извори од грчкото министерство за финансии соопштија дека берзата и денеска ќе биде затворена.
Сигурно е дека нема да отвориме во понеделник, можеби во вторник, изјави претставник на берзата кој побарал да остане анонимен.
Грчката берза е затворена од 29 јуни, кога Грција ги затвори банките и наметна контрола на капиталот за да се сопре повлекување на депозити што можеше да го урне грчкиот финансиски систем.
