МОН го објави конкурост за проектот 30/35
Кандидатите треба да имаат завршено четигодишно средно образование и заснован работен однос на неопрделено време или невработени лица кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување најмалку пет години...

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за проектот 30/35 со кој се обезбедува поголема достапност на високообразовните установи за граѓаните кои во минатото немале можност да се стекнат со факултетска диплома.
Заменик министерот Спиро Ристовски истакна дека апликантите треба да исполнат неколку услови. Кандидатите треба да имаат завршено четигодишно средно образование и заснован работен однос на неопрделено време или невработени лица кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување најмалку пет години. Тие ќе ги кофинансираат студиите со 200 евра годишно.
Обезбедени се вкупно 670 слободни места, од кои најмногу на Државниот универзитет-Тетово (315), на Универзитетот „Св. Кирил и Матодиј“ 230, на „Гоце Делчев“ во Штип 80 и на „Климент Охридски“ во Битола 45 места. На кандидатите им се на располагање вкупно 44 студиски програми, во најголем дел технички, на 16 факултети од четирите универзитети. Тие самите ги утрврдуваат критериумите и роковите за упис.
Можностите кои ги нуди проектот 30/35, досега ги искористиле 1.500 граѓани. Повеќе информации се наведени на веб страницата на МОН, www.mon.gov.mk.
