Здравство: Куманово ќе добие нов Ургентен центар
27.07.2015 13:05
Целосната инвестиција ќе изнесува 40 милиони денари. Ургентниот центар ќе биде завршен до крајот на 2016-тата...

Во Куманово ќе се гради нов Ургентен центар на површина од 600 квадратни метри. Целосната инвестиција ќе изнесува 40 милиони денари. Ургентниот центар ќе биде завршен до крајот на 2016-тата, а претходно опремата вредна 20 милиони денари ќе пристигне во март истата година.
Според ресорниот министер Тодоров, расте бројот на упатите од Куманово кон скопскиот Клинички центар. За првите шест месеци од годинава се регистрирани 8.300 упатувања на пациентите кон Скопје.
