Проект 30/35: 670 слободни места за уписи на 16 факултети
Министерството за образование и наука го објави конкурсот за проектот 30/35 со кој се обезбедува поголема достапност на високообразовните установи за граѓаните кои немале можност да се стекнат со факултетска диплома. Можностите кои ги нуди проектот 30/35, досега ги искористиле 1.500 граѓани...

670 слободни места за 44 студиски програми на 16 факултети. Објавен е огласот за уписи на универзитетите преку проектот 30/35 . Оние кои немале можност да се стекнат со факултетска диплома може веднаш да поднесат барање за кофинансирање на студииите што чинат 200 евра. Кандидатите треба да исполнат неколку услови.
Најмногу слободни места има на Државниот универзитет во Тетово, 315, на УКИМ во Скопје 230, 46 на „Св. Климент Охридски“ во Битола и 80 слободни места на штипскиот „Гоце Делчев“.
Заменик министерот Ристовски вели дека конкурсот е проектиран согласно со потребите на пазарот на трудот, но најбарани се кадри од техничките струки.
Конкурсот е објавен на интернет страницата на Министерството за образование и наука.
Можностите кои ги нуди проектот 30/35, досега ги искористиле околу 1.500 граѓани. Проектот се спроведува шеста година по ред.
Викторија Милевска
