Притвор за осомничениот за убиството на Аргетим Асани
27.07.2015 13:41
Издадени се наредби за вештачење на оружјето, трагите од лице место, за вршење на обдукција над починатиот, за прибирање на докази и факти за расчистување на делото...

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство ги презеде потребните дејствија за расветлување на вооружениот напад кој се случи во Струга, и во кој животот го загуби едно лице.
Издадени се наредби за вештачење на оружјето, трагите од лице место, за вршење на обдукција над починатиот, за прибирање на докази и факти за расчистување на делото.
Осомничен за нападот е дваесет и три годишен Стружанец, на кој по предлог на надлежниот обвинител му е определена мерка притвор од судија во предходна постапка при Основниот суд Струга.
