Традиција: Почна Илинденскиот марш
Коњаниците од скопски Аеродром во наредните седум дена ќе минат стотина километри до историското Гумење кај Крушево за да ја одбележат 112 годишнината на Крушевската Република...
Почнува традиционалниот Илинденски марш. Коњаниците од скопски Аеродром во наредните седум дена ќе минат стотина километри до историското Гумење кај Крушево за да ја одбележат 112 годишнината на Крушевската Република.
Годинава за првпат и од село Црешево стартуваше Илинденскиот марш. Организаторите се надеваат дека ќе прерасне во традиција за да се одржи жив споменот на славните илинденци и нивната борба за слободна и независна Македонија.
И од манастирот „Свети Јован Бигорски“ појде коњаницата на комитите. Претходно игуменот Партениј од манастирот во кој се изработувале црешовите топчиња ги благослови коњаниците.