Спор за Пирански залив: Хрватска излегува од арбитражата со Словенија
Аферата почна минатата недела кога Вечерњи Лист објави транскрипти, а потоа и аудио-снимки на договарање меѓу словенечкиот член на судот и словенечката застапничка...

Хрватска излегува од арбитражата со Словенија за Пиранскиот Залив, објави хрватскиот премиер на вонредна прес конференција. Како што објасни, грешката ја поништува постапката и не верува дека тоа ќе влијае негативно на хрватско-словенечките односи. Зад одлуката застанаа претседателката Грабар Китаровиќ и сите пратенички клубови освен независните пратеници.
„Постапката е контаминирана, Хрватска излегува од договорот според прецизните правила на меѓународното право. Тоа е процедура што ја спроведуваат Владата и Министерството за надворешни работи“, изјави Зоран Милановиќ, премиер на Хрватска.
Се огласи и словенечкиот премиер кој оцени дека Хрватска не може да излезе од арбитражниот процес. „Тоа го утврди арбитражниот суд во Хаг ,кој извести дека арбитражната постапка ќе продолжи“, изјави Церар.
Аферата почна минатата недела кога Вечерњи Лист објави транскрипти, а потоа и аудио-снимки на договарање меѓу словенечкиот член на судот и словенечката застапничка како да влијаат врз судиите во граничниот спор.
