Прегрупирања на регионалните берзи- чекор кон поатрактивен пазар
Прегрупирањето на берзите од регионот е чекор напред кон поатрактивни пазари на капитал. Од фелата велат дека ова е начин за зголемување на интересот за инвестирање и за подобри резултати во работењето...

Докапитализација на компании, преземање на берзи. Дали пазарите од регионот интересот го бараат во меѓусебно поврзување? Откако Загребската берза го потпиша договорот за преземање на Љубљанска, домашните аналитичари оценуваат дека е направен чекор напред кон зголемување на атрактивноста на регионот за инвестирање. Во завршна фаза е платформата за поврзување на Македонската берза со Загребската и Софиската берза, со што, од една страна акциите ќе станат подостапни за купување, а од друга страна, се формира интересен пакет за поголемите играчи, како Варшавската и Истанбулската берза.
„Овој пазар единствно се чини дека би можел да фунцкионира ако го најде своето место во глобалните текови, преку некаква интеграција, взаемно фунцкионирање, размена на платоформи“, смета брокеро Коста Костадиновски.
Македонскиот берзански индекс е подолго време во негатива. За првите шест на македонската берза месеци биле извршени околу 5.950 транскации. Сепак брокерите се оптимисти.
„Очекуваме по завршувањето на летните одмори да се врати берзата во фокус и да имаме позитивни движења до крајот на годината“, вели Костадиновски.
Атрактивни и натаму остануваат инвестициските фондови кои од година во година бележат раст и тоа е добро за пазарот на капитал, вели Костадиновски, кои можат да бидат катализатор на пазарот на капитал.
На политичките случувања не остана имуна ниту Македонската берза. Од февруари, прометот е паднатза 15%. Брокерите- оптимисти, од септември очекуваат заживување.
Дијана Ценевска
