Нов топлотен бран, лекарите апелираат на претпазливост

27.07.2015 16:35

Неделава не очекува нов топлотен бран со температури и над 40-от степен. Педијатрите предупредуваат да се внимава на исхраната на децата, а вакцинирањето да се врши во претпладневните часови. Се апелира на претпазливост, особено кај хронично болните...

Топлото време не е причина за одложување на имунизацијата кај децата. Лекарите апелираат, вакцините да се примаат во утринските часови и да се почитуваат нивните совети. 

„Контролирање на температурата на телото кај детето, престој во просторија каде што има умерена температура, треба да има климатизација, но да не биде директно упатена во детето“, вели прим. д-р Венера Митревска, педијатар.

Во овој период дијареја е најчестиот проблем поради кој родителите ги носат децата на педијатар. Со ист проблем се соочуваат и возрасните, кои само во ургентни ситуациии бараат помош. Високите температури ги испразнија чекланите кај матичните лекари.

„Доаѓаат претежно за хронична терапија да им се препише, обично се жалат на грло, од пиење ладна вода и сокови од преголеите топлини, уринарните инфекџии исто така се присутни“, вели д-р Наталија Шаурек, специјалист по семејна медицина.

Лекарите потсетуваат, хигиената е основен предуслов за спречување на вирусите и труењата кои земаат замав поради горештините кои не очекуваат и во наредните денови.   

„Дневната температура на повеќе места ќе биде над 35 степени, а долж повардарието се очекува да го надмине и 40-от степен, во четврток се очекува да достигне и до 42 степени Целзиусови“, вели Лена Јовановска, УХМР.

Високите температури влијаат врз однесувањето на 90 насто од возачите. Во јули и август статистички се случуваат најголем број сообраќајни незгоди како последица на горештините кои можат да предизвикаат топлотен шок и несвестица.

 

Наташа Јанчиќ