МОН ќе ја разгледа иницијативата за пролонгирање на летниот распуст

27.07.2015 16:57

Од МОН велат дека ќе направат опсежна анализа во координација и консултација со повеќе фактори...

Министерството за образование и наука најави дека ќе ја разгледа иницијативата на хотелиерите за пролонгирање на летниот распуст до 15 септември.

Од МОН велат дека ќе направат опсежна анализа во координација и консултација со повеќе фактори, сите аргументи ќе бидат ставени на маса, но во прв план ќе биде интересот на учениците.

Туристичките работници барањето за продолжување на летната сезона го правдаа со примери од соседните земји, а со цел поуспешна туристичка сезона.