Помалку венчавки во Лас Вегас
Од 2004 година бројот на венчавки е во константен пад. Тогаш, имено, 127.000 двојки си го кажаа судбинското „да“, но минатата година се регистрирани само 80.000 венчавки...

Лас Вегас го посетуваат се поголем број туристи, но се помал број двојки се одлучуваат во него и да се венчаат.
Бидејќи Лас Вегас, меѓу другото, е познат и по венчавките, овој проблем градот го чини околу милијарда долари годишно.
Од 2004 година бројот на венчавки е во константен пад. Тогаш, имено, 127.000 двојки си го кажаа судбинското „да“, но минатата година се регистрирани само 80.000 венчавки.
Државата Невада најмалку во светот инсистира на бирократија околу венчавките и разводите.
Така во Лас Вегас постојат многу капелички во кои е можно „брзо“ венчавање. Во нив услугата е инстантна - на првиот шалтер се издаваат дозволи од државата Невада за венчавката, на вториот се пријавуваат сведоците и се договара текот на церемонијата, а на третиот се уплаќаат околу 200 долари...
По церемонијата, документите се испраќаат во земјата на потеклото на младенците и тие - ако во нивната земја со закон им е дозволено да стапат во брак - навистина и ќе бидат венчани, без разлика на тоа што тој чин го извршил некој кој го имитира Елвис Пресли, кралот Артур или свештеник во гаќи за капење.
Слично на тоа, во капеличките е можен и брз и евтин развод.
Малку полуксузниот пакет за развод вклучува и свечена вечера на која поранешната брачна двојка се разијдува со зачувано пријателство.