Стејт департмент: Македонија регионален лидер во борбата против трговијата со луѓе
Нашата држава е во групата земји кои покажуваат успех во справувањето со овој проблем...

Американскиот Стејт Департмент го објави годишниот извештај со резултатите од борбата против трговијата со луѓе. Нашата држава е во групата земји кои покажуваат успех во справувањето со овој проблем.
„Напорите на владата против ова ужасно злосторство вклучија гонење и пресуди за полициски службеници за вмешаност во трговија со луѓе, иницијатива за идентификување на децата-жртви и нивно пријавување во организации што нудат помош, како и значително зголемување на буџетот за заштита и за поддршка за жртвите“– се наведува во извештајот.
Македонија е извор, транзит и земја – дестинација за трговија со луѓе, па оттука се препорачуваат подобри обуки, како и поголем фокус на институциите кон зголемена заштита на сведоците - со цел поефикасно справување со трговијата со луѓе.
