ОМД: Правото на глас на дијаспората мора да се заштити
За нас предлогот за одземање или дополнително отежнување на правото на глас е несфатлив потег кој укажува на длабоко непочитување кон оние кои имаат континуиран и огромен придонес за еконосмки развој на Република Македонија, велат од ОМД...

Обединетата македонска дијаспора ги следи активностите на работната група за измени на изборниот законик и ги осудува сите напори што би наштетиле или би го одземале правото на македонските испеленици да гласаат на претседателските и паралментарните избори во трите изборни единици во странство – реагира Обединетата македонска дијаспора.
За нас предлогот за одземање или дополнително отежнување на правото на глас е несфатлив потег кој укажува на длабоко непочитување кон оние кои имаат континуиран и огромен придонес за еконосмки развој на Република Македонија и за добивање меѓународна подршка во Евро- атланските процеси, стои во соопштението од ОМД.
