Грција: Почнуваат преговорите кредиторите за третиот пакет помош
Генералниот секретар за јавни приходи Катерина Саваиду нареди проверка на сите компјутерски системи, дали вработените во секретаријатот извршиле незаконски дејствија...

Грчките власти денеска ќе ги почнат преговорите со меѓународните кредитори за третиот пакет финансиска помош. „Ќе го проучиме и имплементираме договорот на еврогрупата, се надеваме дека се ќе оди добро“, изјави министерот за финансии Цакалотос.
Во меѓувреме генералниот секретар за јавни приходи Катерина Саваиду нареди проверка на сите компјутерски системи, дали вработените во секретаријатот извршиле незаконски дејствија.
Истрагата почнува по наводите во медиумите за плановите да се пробие софтверот на секретаријатот кој ги содржи сите кодови за регистрација на данок со цел да се создаде систем за паралелно плаќање.
