Гасовод во источна Турција- цел на терористички напад

28.07.2015 10:45

Во меѓувреме претставници на САД и Турција постигнале договор, со заеднички сили да ја неутрализираат Исламска држава од северниот дел на Сирија...

Саботажа на гасовод во пограничната област Агра во источна Турција. Министерството за енергетика соопшти дека гасоводот бил цел на терористички напад. Експлозијата пртедизвикала голем пожар, а дотурот на гас е во прекин. Локалните медиуми информиираат дека нападот го извршила Курдската работничка партија, која и во минатото правела вакви саботажи.

Во меѓувреме претставници на САД и Турција постигнале договор, со заеднички сили да ја неутрализираат Исламска држава од северниот дел на Сирија. Целта е да се обезбеди поголема стабилност по должина на границата на Турција со Сирија. Договорот следи по зголемувањето на тензијата на Сириско-турската граница.

Турскиот министер за надворешни работи изјави дека за воената интервенција против Исламска држава и Курдската работничка партија се известени Советот за безбедност на и генералниот секретар на Обединетите нации. Ние очекуваме подршка и солидарност од НАТО во борбата против заедничкиот непријател, додаде Чавушоглу.

Денеска 28-те земји членки на НАТО на вонреден состанок ќе разговараат за безбедносната состојба и можноста за ескалацијата на состојбата во Турција.