Мајка и син од Турција пронајдени мртви во скопско Козле

28.07.2015 12:04

Турските државјани имале смртни повреди во пределот на главата, најверојатно од огнено оружје...

Мајка и син, турски државјани, утрово во 05.30 часот се пронајдени мртви во куќа на ул. „Козле“ во Скопје, потврдија од СВР-Скопје.

Турските државјани имале смртни повреди во пределот на главата, најверојатно од огнено оружје.

Увид на местото на настанот вршат полицијата и јавен обвинител.