Зголемена продажба на станови во прите шест месеци од годинава
Цените и закупнините на становите и на деловниот простор останале стабилни. Се очекува банките дополнително да ја зголемат конкуренцијата на пазарот на станбени кредити...

Во првите шест месеци од годинава се зголемила продажбата на станови и побарувачката за наем на деловен простор, збогатена е и понудата со хотелски капацитети- ова се заклучоците од истражувањето на анализата на пазарот на недвижности на агенцијата „Фортон Македонија“.
Цените и закупнините на становите и на деловниот простор останале стабилни. Се очекува банките дополнително да ја зголемат конкуренцијата на пазарот на станбени кредити.
„Податоците со кои се споредува истиот период минатата година покажуваат значително раздвижување на пазарот на станови и објекти за деловен простор. Резиденцијалниот пазар бележи зголемување на бројот на реализирани продажби за 30,5 отсто споредено со втората половина на минатата година. Зголемената пазарна побарувачка не влијаеше на просечните пазарни цени и истите останаа стабилни на 979 евра за метар квадратен”, изјави Влатко Богоевски, генерален директор на „Фортон Македонија“.
Според истражувањето, пет градежни компании држат речиси 40 проценти од пазарот, а недостигаат странски градежници.
