Тензично во Турција, денеска вонреден состанок на НАТО
Во меѓувреме претставници на САД и на Турција постигнале договор со заеднички сили да ја неутрализираат Исламска држава од северниот дел на Сирија, при што би се создала безбедна зона за илјадници бегалци и ќе се прекине рутата преку која џихадистите се снабдуваат со оружје...

Нов терористички напад во Турција. Овој пат цел бил гасовод во пограничната област агра на Турско- иранската граница. Министерството за енергетика соопшти дека експлозијата предизвикала голем пожар, кој е локализиран, но во прекин е дотурот на гас. Локалните медиуми информиираат дека нападот го извршила Курдската работничка партија, која и во минатото правела саботажи од овој вид.
Инцидент и во областа Мус. Вооружена група го нападнала автомобилот на командантот на полицијата, кој по престрелката им подлегнал на повредите.
Во меѓувреме претставници на САД и на Турција постигнале договор со заеднички сили да ја неутрализираат Исламска држава од северниот дел на Сирија, при што би се создала безбедна зона за илјадници бегалци и ќе се прекине рутата преку која џихадистите се снабдуваат со оружје.
Договорот следува по зголемувањето на тензиите во регионот. Турскиот министер за надворешни изјави дека Советот за безбедност и генералниот секретар на Обединетите нации се информирани за воените дејствија на официјална Анкара.
И претседателот Еердоган најави решителна борба против тероризмот, без можност за отстапки. По барање на Турција, денеска 28-те земји членки на НАТО на вонреден состанок ќе разговараат за безбедносната состојба на Турско-сириската граница.
Марија Петковска
