Гостивар: Дете почина од заталкан куршум

28.07.2015 12:46

По повеќечасовна интервенција во Клиничкиот центар утрово подлегнало на повредите...

Заталкан куршум го погодил во главата десетгодишно дете во Гостивар кое се играло во близина на џамијата. Ни лекарите не успеале да го спасат.

По повеќечасовна интервенција во Клиничкиот центар утрово подлегнало на повредите.

Се уште работи на дополнителни вештачења. Се очекуваат официјални информации од полицијата.